Профил
КАБТЕЛ дооел - Скопје е иновативна, стабилна компанија силно препознатлива во регионот по дистрибуција на трајни брендови за сите категории на потрошувачи, со ефикасна дистрибутивна мрежа и беспрекорна услуга. Модерна компанија со ефикасни и јасно дефинирани бизнис процеси.
КАБТЕЛ дооел - Скопје започна со своите деловни активности во септември 2001 година. Во исклучително краток период КАБТЕЛ се наметна како лидер на пазарот на ИKТ услуги и експертизи во регионот со квалитет на услугите и непосредна комуникација со клиентите со што постави нови стандарди во работењето. Збогатување на крајниот продукт, бескомпромисната безбедност, сигурност, модуларност и скалабилност на решенијата со ефективна обука на клиентот, се заштитниот знак на КАБТЕЛ.
Соработката со силни партнери и статусот кој го имаме на пазарот, подразбира нов квалитет во работењето преку трансфер на знаење, искуство и технологија, a сето тоа на задоволство на нашите клиенти.
Мисија
Нашата мисија е да им помогнеме на клиентите да создадат вредности и сигурност. На овој начин сакаме да дадеме свој придонес кон изградбата на добра и стабилна иднина. Нашата желба е да обезбедиме високо ниво на квалитет на услугите, современа понуда на нови проекти и градење на традиција на компанијата. Кај нашите производи и услуги не работиме на квантитет, туку на квалитет. Преку производите и услугите, кои се дизајнирани според потребите на нашите клиенти, сакаме да дадеме свој добар придонес во нивниот развој, како дел од напорите да станат поуспешни и посилни. Нашите клиени добиваа квалитетни производи и услуги, ефикасен, стaбилен и сигурен систем, со атрактивен сооднос меѓу цената и квалитетот.
Фокус
Фокусот на активностите го ставаме на проектирање и изведба на интегрирани комуникациски системи. Во можност сме да Ви ги понудиме следниве услуги:
- Проектирање, изведба и сертифицирање на LAN/WAN компјутерски мрежи;
- Продажба на Nexans опрема за вмрежување;
- Специјалистички обуки за LAN мрежи во просториите на нашиот овластен регионален тренинг центар на Nexans;
- Продажба, инсталирање и администрирање на Kaspersky антивирусни програми за заштита на компјутерски системи;
- Продажба и сервисирање на компјуерски конфигурации;
- Продажба, конфигурирање и одржување на Alcatel-Lucent Omni PCX комуникациски системи за мали, средни и големи претпријатија;
- Продажба на пасивна опрема од програмата на Radio Frequency Systems;
- Планирање, проектирање, инсталација и одржување на радио линкови, Wi-Max солуции, GSM, мрежи
- Продажба, инсталирање и администрирање на Acronis back up софтвер.
Нашиот тим... …
Претставува синтеза од долгогодишно, професионално искуство и млад кадар, кој се заложува себеси за да понуди пријатен однос и партнерство, професионалност и квалитет, оптимизам и креативност во работењето. Нашиот високостручен кадар, со меѓународни сертификати во делот на проектирање и реализација на комуникациски системи е гаранција за квалитетот на понуденото решение во согласност со Вашите потреби и развојни планови. КАБТЕЛ, заедно со своите реномирани партнери Nexans, Alcatel-Lucent, Kaspersky Labs, RFS, Acronis е гаранција за квалитет на изведбата и долгогодишна експлоатација на испорачаната опрема.
Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим, испратете го вашето CV
Нашите предности
Неколкугодишната соработка со Nexans, како и добивањето на статусот Nexans Premium Business Partner, е повеќе од успешна и плодна, соработка од која произлегоа многу успешни стории во Македонија и пошироко. Мрежните решенија изведени од страна на нашиот тим добиваат Сертификат за Квалитет одобрен од Nexans, а издаден врз основа на измерените параметри согласно постоечкиот ISO 11801 стандард. На 1 јануари 2004 година КАБТЕЛ се здоби со престижниот сертификат за овластен регионален тренинг центар на Nexans со високостручен овластен кадар за обука со што е во можност, уште поквалитетно, дел од својата експертиза да ја пренесе и на другите домашни компании од областа на комуникациите во делот на проектирање и реализација на LAN мрежни решенија.
Безбедноста на компјутерските системи денес е од непроценлива важност. Затоа КАБТЕЛ настојуваше на нашиот пазар да го донесе најдоброто решение за антивирусна заштита, а тоа се производите на Kaspersky Labs. Сé поголемиот број на задоволни клиенти зборува за сигурноста и безбедноста која ја нудат Kaspesky Anti-Virus програмите, со што се оправдаа нашите напори да го добиеме статусот на Kaspersky Labs Business Partner. Потврда за нашето успешно работење е и потпишаниот договор за соработка со Alcatel и стекнувањето на статусот Alcatel Lucent Business Partner за продажба, инсталирање и администрирање на комуникациските системи од генерацијата OmniPCX, лидер во областа на модерните комуникации, единствено решение кое функционално ги споjува класичната и IP телефонијата. Тоа е систем во кој се вградени најсовремените технологии на денешницата, конвергентен систем кој ги обединува преносот на говор, податоци, интернет и Voice over IP. Флексибилен, модуларен, моќен, но едноставен систем, кој претставува решение Сé-во-едно, решение за кое не инвестирате во она што не Ви е потребно во моментот бидејќи расте со растењето на Вашата компанија.









