"KОМПЈУТЕР ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ"
Република Македонија е првата држава во светот што обезбеди пристап до компјутер за секој ученик преку каблирање на сите училишта. Проектот наречен "Компјутер за секое дете" предвидуваше каблирање на училишните згради за да се овозможи користење на најновите дигитални комуникации. Nexans и регионалниот партнер Кабтел дооел Скопје го добија престижниот договор, заснован на LANmark-5 кабелски систем.
ПРОГРЕСИВНА ПОЛИТИКА
Министерството за информатичко општество на Република Македонија (МИО) активно ја промовира информатичката технологија со цел културно збогатување на земјата како и развој на економија базирана на знаење. На крајот од 2006 година, министерството ја промовираше политиката наречена "Компјутер за секое дете", како дел од националната иницијатива да се збогати знаењето на учениците. Избраната платформата за постигнување на оваа цел вклучуваше ефтини персонални компјутери, кои, со посебна "тин-клиент" технологија, им овозможува истовремено на седум ученици од различни училници пристап до еден сервер.Учениците ротираат на компјутер секој училишен ден користејќи иста единицата "тин-клиент".
Набавени се околу 18.000 клиент сервери, 99.000 рамни монитори и тастатури и околу 81.000 компјутери "тин-клиент", кои се дистрибуирани во сите основни и средни училишта. Министерот за информатичко општество, господинот Иво Ивановски, објаснува како програмата ја подобрува настава. "Ова овозможува индивидуално информатичко образование, а со тоа се зголемува бројот на ученици кои активно учествуваат во образовниот процес", истакнива тој. "Како резултат на тоа, ќе има еднакви можности за сите ученици без разлика кое е нивното училиште, како и еднаков третман за секој ученик, без оглед на тоа каде седи во училницата."
Беше вистински предизвик да се каблираат училишните згради низ цела држава за да се поврзат компјутерите во сите училници, а потоа да се поврзат на локалните мрежи и на крај да бидат конектирани на брз интернет. "Беше неоходно да се направи ново каблирање во 105 средни училишта или во повеќе од 2.000 училници и тоа во стари и нови згради", објаснива Горан Митрески, генерален директор на Кабтел дооел Скопје, реномиран и овластен регионален увозник на Nexans производите. Кабтел беше меѓу четирите фирми кои одговорија на јавниот повик од операторот Македонски Телеком, одговорен за следење на првата фаза.
ЕФИКАСНО КООРДИНИРАЊЕ НА НАПОРИТЕ
Кабтел го доби договорот благодарение на своето силно регионално присуство и искуствата на Балканот, својот Nexans тренинг центар во Скопје како и квалитетот на каблите понудени за овој проект: LANmark-5 оклопен кабел со впредени парици.
Овој високо квалитетен кабел, истовремено многу флексибилен стана главен елемент на мрежата поради неговиот мал дијаметар што овозможуваше лесно вметнување на повеќе кабли во пластичните канали низ кои поминуваат и каблите за електричното напојување. Неговата заштитна конструкција ги намалува електромагнетните интерференции (EMI).
"Останатите понуди предвидуваа посебни ПВЦ канали, едни за комуникациската мрежа и други за мрежата за електрично напојување, што е значителен трошок. Сепак, благодарение на одличната заштитна конструкција на LANmark-5 кабелот, можевме да вметнеме повеќе кабли, и комуникациски и електрични во ист канал без ризик од EMI или пак преслушување", подвлекува Горан Митрески.
Повеќе од 261 километри на LANmark-5 кабел се искористија во текот на инсталацијата на вкупно 15.724 линкови.
ОСТВАРЕНИ ЦЕЛИ
Првата фаза беше успешно завршена во 2008 година. Од тогаш, Кабтел успеа да добие втор договор за каблирање на 400 основни училишта во целата земја, вклучувајќи околу 5.000 училници. " Многу сме задоволни од перформансите на кабелската мрежа до сега", истакнува министерот Ивановски. Горан Митрески додава: "Нашата фирма ги покажа своите капацитети за инсталирање на високо квалитетниот производ LANmark, со техничка поддршка на Nexans. Знаеме за што зборуваме и тоа се гледа."
ПРЕДНОСТИ ОД КАБЛИРАЊЕ НА СИТЕ МАКЕДОНСКИ УЧИЛИШТА
- Засновање на национален информатички систем и систем на управување во образованието.
- Размена на искуство и планирање на наставата меѓу наставниците на национално ниво
- Синхронизирани оценувања и тестови за учениците од целата земја.









