Нова обука во регионалниот тренинг центар на NEXANS за CAT7/CAT7A
Кабтел дооел Скопје во рамките на регионалниот тренинг центар за обука на Nexans во Скопје продолжува со организирање на специјалистички обуки за проектанти и инсталатери на компјутерски и телефонски мрежи согласно ISO/IEC 11801 стандардот за структурни кабелски системи, надополнети за прв пат со Категорија 7.
Во втората половина на јули се одржа за прв пат во регионалниот тренинг центар за обука на Nexans во Скопје специјалистичката обука за проектанти и инсталатери на компјутерски и телефонски мрежи согласно ISO/IEC 11801 стандардот за структурни кабелски системи за Cat7/Cat7A.
Регионалниот центар за обука на Nexans сертифицираше 14 инсталатери и проектанти од повеќе реномирани компании и институции oд Македонија.
Со добивање на сертификатот на Nexans за Cat7/Cat7A имате предност пред другите затоа што се стекнувате со знаење за најдобриот кабелски систем во моментов, кој штеди електрична моќност на активната опрема, не е приватно и некомпатибилно Cat7A решение, спремен е за идни апликации, компатибилен е со постоечките, овозможува дата центрите да бидат подготвени за 40 Gbps и “Video on Demand”, поддржувајќи 10 GBase-T во “спориот” мод, нема потреба од хибридни печкорди итн.









