Генералниот менаџер на КАБТЕЛ Г-н Горан Митрески избран за Председател на УО на МАСИТ
На 31-ви март 2009 година, во хотел Holiday Inn Скопје, со почеток во 15:15 часот, се одржа Третото годишно Собрание на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. На овој настан присуствуваа лидерите на голем број ИКТ компании членки на МАСИТ, меѓу кои и највлијателните и најуспешните ИКТ компании во Македонија. Собранието на МАСИТ изврши избор на ново раководство на Комората за следниот мандатен период.
На Собранието присуствуваа над 70% од членките на МАСИТ, со што видливо се покажа мотивираноста и ангажманот на компаниите членки во сите коморски активности.
Оваа година собранието беше изборно. Беа избрани нови претставници во Управниот одбор, Надзорниот одбор, Судот на честа, како и претседател на Собранието кој воедно е и претседател на МАСИТ.
За претседател на Управниот одбор е избран г-дин Горан Митрески (Кабтел).









