Кабтел за својата хуманост од СОС Детско Село доби Благодарница

Најдобар начин да го зацврстиме доброто во себе е да им помогнеме на оние на кои помошта им е најпотребна.

Во кинотеката на Македонија под мотото “Топол дом за секое дете” свечено беше одбележан интернационалниот  ден на СОС Детските Села, во организација на СОС детско село Македонија. Кабтел дооел Скопје присуствуваше на одбележувањето на годишнината од формирањето на првото СОС Детско Село и притоа ја истакна важноста на меѓусебната соработката.
Меѓусебната успешна комуникација допринесува децата кои престојуваат таму, да имаат посреќно детство, квалитетно образование и воспитание, градење на здрави личности и успешни членови на нашето општество.
За својата хуманост и исклучителна поддршка на децата на СОС Детско Село, Кабтел доби Благодарница.

СОС Детското село започна да функционира во 2002 година кога беше згрижено првото дете.
Денес во селото има 12 семејни куќи и една младинска заедница каде се згрижени 83 деца без родители и родителска грижа. Децата живеат во посебни семејства и најголем број се на училишнна возраст до 15 години.