Меѓународно признати дипломи NCSI и NCSD

Во Nexans регионалниот тренинг центар се изведуваат три типа на обуки:

  1. NCSI- Обука за инсталатери на компјутерски и телефонски мрежи согласно ISO/IEC 11801 (Nexans Certified System Installer)
  2. NCSD- Обука за проектанти на компјутерски и телефонски мрежи согласно ISO/IEC 11801 (Nexans Certified System Designer)
  3. Nexans OF Course- Обука за проектанти и  инсталатери на мрежи со оптички влакна (Nexans Optical Fiber Expert).

 

Првите две обуки опфаќаат детални теоретски и практични предавања и вежби со цел учесниците целосно да се запознаат со важните сегменти на денешните структурни локални и индустриски мрежи креирани преку бакарни кабли, како и проектирање на структурни кабелски системи сигласно стандардот ISO/IEC 11801 со мал осврт на оптиката.

Специјалистичката обука за проектанти и инсталатери на компјутерски и телефонски мрежи согласно ISO/IEC 11801 стандардот за структурни кабелски системи ја посетиле повеќе од 200 учесници од над 50тина компании и институции во Македонија и регионот кои се стекнале со меѓународно признати сертификати Nexans Certified System Installer и Nexans Certified System Designer. Специјалистичката обука за проектанти и инсталатери на компјутерска мрежа и телефонија e предвидена како 4-дневна обука, опфаќајќи детални теоретски и практични предавања и вежби со цел учесниците целосно да се запознаат со сите важни сегменти на денешните локални мрежи креирани преку бакарни и оптички кабли.

Специјалистичка обука за проектирање и инсталација на мрежи со оптички влакна е предвидена како 3-дневна обука, која е поделена на два сегмента. Првиот сегмент е составен од еднодневно теоретско запознавање на преносот по оптички влакна, вклучително и проблематиките поврзани со тој пренос, како и компонентите на Nexans кои се наменети за креирање на оптички мрежи. Вториот сегмент се состои од практични вежби кои опфаќаат hot-melt и anaerobic конекторизација, фузионо сплајсување, испитување и мерење со микроскоп, OLTS и CTS инструменти, како и со OTDR рефлектометри. Секој учесник по успешно положениот финален тест се стекнува со меѓународен сертификат Optical Fiber Expert Course.

Специјалистичките обуки се изведуваат во мали групи од 7 учесници, во согласност со меѓународниот стандард ISO/IEC 11801 за структурно каблирање. По завршување на обуките учесниците добиваат голем процент на општи знаења за структурното каблирање како и меѓународно признати сертификати издадени директно од Nexans. Обуките можат да се изведуваат на македонски и англиски јазик.

Агендите и ценовникот за специјалистички обуки може да се преземат на следниве линкови:

LAN Design and Installation Expert Course
Optical Fiber Expert Course

АПЛИКАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

ВАЖНО: Учесници на специјалистичките обуки може да бидат сите заинтересирани без разлика на стручната подготовка (ВСС, ССС, ВШС), со или без работно искуство. За сите учесници на експертскиот курс за оптички влакна кои веќе учествувале и го положиле курсот за инсталатери или проектанти на компјутерски и телефонски мрежи согласно ISO/IEC 11801, Центарот за обука на Nexans одобрува специјални попусти кои можете да ги видите во приложениот ценовник.

50% попуст одобруваме за студенти и невработени.