Acronis True Image 11 Home

  Рејтинг: 4.6923 од 13 гласови

 

 

Моќен backup кој е лесно се спроведува!

 

 

Моќен backup кој е лесно да се спроведе!

 

Acronis True Image 11 Home обезбедува максимална флексибилност со која се обезбедува адекватна заштита и можност за рестартирање после непредвидени случувања, како дејство на вируси, нестабилност на инсталираниот софтвер и разни штети на хард дискот. Овој пакет врши креирање на идентични копии на цели машини во вид на целосен bakup или backup само на најважните податоци, според изборот на корисникот.

 

Резервни копии (backup) на целиот компјутер

Acronis True Image користи патентирана технологија за disk imaging. Таа овозможува да се копира цел компјутер, вклучувајќи го оперативниот системии, корисничките подесувања и сите податоци. Во случај на пад на системот или оштетувања на дискот, напад на вируси или некоја друга фатална причина за пад на системот, можно е потполно рестартирање на целата содржина на дискот во рок од неколку минути, без никаква потреба од реинсталирање.

Резервни копии (backup) на документи, видео и музички фајлови како и електронска пошта

Заштита на сите дигитало меморирани податоци од фатален испад на системот.За разлика од традиционалниот начин на печатење на слики или музички CD, дигитални податоци меморирани на hard диск можат да бидат засекогаш изгубени без помош на пакет како што е Acronis® True Image.

Заштита на апликации

Acronis® True Image пакет може да се користи за рестартирање на инсталциите и сите подесувања на Microsoft Office, iTunes, Media Player, како и голем број на други популарни апликации.

Алати за безбедност и заштита на приватност

Користењето на алатките Acronis® Drive Cleanser, File Shredder и System Clean-up овозможува заштита на приватноста така што безбедно ги уништува осетливите податоци, го брише целиот hard драјв.

Acronis True Image дава и можност за софистицирани задачи кои ги задоволуваат потребите на најнапредните корисници:

  • Поддрашка за  Microsoft Windows Vista™
  • Поддршка за 64-bit CPU
  • Брз beckup на спечифични фајлови
  • Backup на податоци класифицирани во специфични категории
  • Пребарување на backup на податоци
  • Креирање на правила за спроведување на backup
  • Известување по пат на електронска пошта
  • Снимање на FTP сервер

Ексклузивно кај Acronis: Acronis® Boot-time Restore

Acronis почнува да работи во рок од неколку секунди, додека системот уште поздадински се рестартира

Ексклузивно кај Acronis: Acronis® Secure Zone®

Заштита на системот image на специјални скриени партиции на хард дискот. Посебно корисно за notebook и tablet компјутерите.

Ексклузивно кај Acronis:: Acronis® Recovery Manager

Подигање (boot) на компјутерот дури и во случај на пад на оперативниот систем. Кога ќе се вклучи компјутерот едноставно со клик на F11 тастерот, се покренува процесот на рестартирање. Рестартирањето се врши од скриената партиција Acronis Secure Zone®

Селектирање на фајлови и фолдери кои се исклучуваат од backup

Штеди простор на дискот така што креира backup само за податоците кои сакаме да ги зачуваме, додека оние кои не сакаме не се снимаат.

Инкрементален и диференцијален backup

Го намалува заземениот простор на дискот така што ги снима само промените кои настанале во однос на предходниот backup.

Backup “во живо”

Системот продолжува да работи истовремено додека се споведува backup

Временски распоред на backup

Backup процесите се покренуваат автоматски во однапред зададени моменти, кога корисникот не работи на машината, кога корисникот се логира на системот кога се покренува или гаси машината или некои други карактеристични случувања.

“Подеси и заборави”

Кога еднаш се подеси, пакетот backup ќе се извршува автоматски, без додатни интервенции на корисникот.